• вторник, 12 ноември 2024

Мајкл Китон: Бетмен е културолошка икона

Мајкл Китон: Бетмен е културолошка икона
Лос Анџелес, 19 август 2021 (МИА) - Мајкл Китон по речиси 30 години, повторно го глуми Бетмен. Овојпат во филмот каде што главен и насловен лик е, всушност, еден друг суперхерој - Флеш. - Сега го сфаќам ова на сосема поинакво ниво. Целосно го почитувам. Го почитувам она што луѓето се обидуваат да го направат. Никогаш не сум го гледал (Бетмен) како: „Ох, ова е само глупава работа". Не беше глупаво кога го глумев Бетмен, но тоа стана огромна работа, културолошки. Тој е икона. Така, јас сега имам уште поголема почит кон тоа... Сега дури и велам: Исусе, ова е огромно!, изјави Китон. Инаку, во филмот се појавува уште еден „Бетмен“ - Бен Афлек. Во однос на главната улога, Езра Милер ќе го глуми ликот на Бери Ален / Флеш. Филмот е најавен за следната 2022 година. Инаку, говорејќи за политичките погледи и заложби, Китон истакна дека ако некој е славен, може да направи повеќе штета, отколку помош со своето присуство или истакнување. - Знаете ли што забораваат луѓето? Сите ние сме само обични луѓе, од некаде во Синсинати, или Отава, или Кливленд, наведе актерот.  си/ми/

Остани поврзан