Мајкл Б. Џордан изнајмил цел аквариум за Лори Харви
- Тој изнајмил цел еден аквариум за неговата девојка и помлада колешка за Денот на вљубените. Лори се пофали со тоа преку „Приказните“ на Инстаграм.
![Мајкл Б. Џордан изнајмил цел аквариум за Лори Харви](https://new.mia.mk/images/20221105204216_big_730x400_46.webp )
Лос Анџелес, 16 февруари 2021 (МИА) - Глумецот Мајкл Б. Џордан и Лори Харви го прославија Свети Валентин со поглед под морето. Имено, тој изнајмил цел еден аквариум за неговата девојка и помлада колешка за Денот на вљубените. Лори се пофали со тоа преку „Приказните“ на Инстаграм.
„Мојот најмил изнајми цел аквариум за да можеме да направиме приватна обиколка и да ги видиме желките, а потоа влеговме во ова...“, напиша таа споделувајќи видео од тунел украсен со цветни ливчиња и свеќи.
На друго видео, Лори ја покажа и вечера, којашто вклучува огромни букети рози, повторно свеќи и оброк од луксузниот јапонски ресторан „Нобу“ во САД. Потоа следеше и романтичната постела.
Ова е нивниот прв Ден на вљубените заедно. Си/
![Лори](/articles/images/ma-kl-b-ordan-izna-mil-cel-akvarium-za-lori-harvi/Lfi7y6hRk/placeholder.webp?use_watermark=0)