• недела, 22 декември 2024

Матсен позајмен на Борусија Дортмунд

Матсен позајмен на Борусија Дортмунд

Лондон, 12 јануари 2024 (МИА) – Холандскиот фудбалер во редовите на Челзи, Ијан Матсен, ќе настапува до крајот на сезоната за Борусија Дортмунд како позајмен играч, објави денеска германскиот клуб.

Матсен е роден во Ротердам и настапуваше за младинските тимови на Спарта и ПСВ, пред да му се приклучи на Челзи во 2018 година. За сениорскиот тим на лондонскиот премиерлигаш дебитираше во јули лани.

Германските медиуми објавија дека Челзи и Борусија Дортмунд договориле Матсен да биде позајмен без опција германскиот клуб да може да го откупи неговиот договор.

Матсен досега има 12 настапи во Премиер лигата. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан