• вторник, 23 јули 2024

Матичната собраниска Комисија го верификуваше мандатот на новата пратеничка од СДСМ Стојановска – Пановска

Матичната собраниска Комисија го верификуваше мандатот на новата пратеничка од СДСМ Стојановска – Пановска

Скопје, 10 јануари 2023 (МИА) – Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска го верификуваше мандатот на новата пратеничка во Собранието професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ. Мандатот на новата пратеничка претходно беше констатиран на денешната 67.седница на Државната изборна комисија.

Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора.

Дитмире Шеху, потпретседател на Државната изборна комисија информира дека Стојановска – Пановска во предвидениот рок ја известила ДИК дека го прифаќа пратеничкиот мандат. Посочи дека ДИК издаде уверение за избраниот пратеник Даниела Стојановска – Пановска.

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов се заблагодари на Зеќир Рамчиловиќ за досегашната работа како пратеник во Собранието, а на новата пратеничка и посака успешна пратеничка работа и функција.фф/ев/

Остани поврзан