• сабота, 21 декември 2024

Матеус го критикуваше Дејвис за играта на мечот со Борусија Дортмунд

Матеус го критикуваше Дејвис за играта на мечот со Борусија Дортмунд

Минхен, 1 април 2024 (МИА) - Поранешниот играч на Баерн Минхен, Лотар Матеус го критикуваше дефанзивецот на тимот Алфонсо Дејвис по натпреварот против Борусија Дортмунд.

Баварците викендот изгубија на домашен терен од Борусија со 2:0, а Дејвис се посочува како еден од главните виновници за поразот.

- Дејвис е бледа сенка на себе. Играчите одвреме-навреме да имаат надвор од теренот, пријателски разговор со тренерите, како што правеа Ули Хенес, Јуп Хејнкес, Отмар Хицфелд и други. Мислам дека причините за падот на Дејвис не се поврзани со преговорите со клубот за продолжување на неговиот договор, кој истекува во летото 2025 година, изјави Матеус за германските медиуми.

Двете страни не можат да најдат заеднички јазик за нов договор, а таквата ситуација подготвен да ја искористи е Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан