• сабота, 23 ноември 2024

Материјална штета од поплавите во северниот дел на грчкиот остров Евија

Материјална штета од поплавите во северниот дел на грчкиот остров Евија
Атина, 10 октомври 2021 (МИА) – Северниот дел на грчкиот остров Евија, по катастрофалните пожари пред два месеци, сега се соочува со поплави предизвикани од невремето и силниот дожд, но и како последица од пожарите, а материјална штета претрпеа домови, дворови, продавници, плажи и патната мрежа, јави дописничката на МИА од Атина. Невремето „Атина“ зафати повеќе делови на Грција, а најпогодена е северна Евија, каде што според грчките медиуми поплавени се стотина домови. Заменик- префектот Јоргос Келаидитис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека во четири села сè е поплавено, две општини претрпеле голема материјална штета, а во прекин е сообраќајот на неколку локални патишта. ср/ссм/ Фото: АНА-МПА

Остани поврзан