• недела, 22 декември 2024

Маска стара 2.400 години пронајдена во Турција

Маска стара 2.400 години пронајдена во Турција
Анкара, 7 септември 2020 (МИА) - Маската на старогрчкото божество Дионис е пронајдена во древниот град Даскилејон, во провинцијата Баликесир. Археолошкиот наод е датиран околу 400 година пред нашата ера. Археологот Кан Ирен - професор на Универзитетот Ситка Коцман во Мугла истакна оти маската била пронајдена на градскиот акропол. - Ова е најверојатно обредна маска. Дополнителните истражувања ќе овозможат повеќе сознанија, рече Ирен. Древната населба Даскилејон се наоѓа на брегот на езерото Манајас во областа Бандирма. Археологот, исто така, потсети дека во оваа област неодамна се случија значајни откритија поврзани со познатата тн. „лидиска кујна“ од пред 2.700 години. си/сд/

Остани поврзан