• четврток, 16 април 2026

„Марш за ангелите" за прв пат во Штип

„Марш за ангелите

Кочани, 15 април 2026 (МИА) - За првпат во Штип, на 18 април (сабота), ќе се одржи „Марш за ангелите“, 41-ви по ред, посветен на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“, најавија од здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Според најавата, маршот ќе започне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип, каде граѓаните ќе имаат можност да оддадат почит и да испратат порака за правда.

-За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип. Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш за ангелите, соопштија денеска од здружението „16 Март 2025 Кочани“. ис/дма/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан