• петок, 22 ноември 2024

Мартинез ги смири фановите: Среќен сум во Интер

Мартинез ги смири фановите: Среќен сум во Интер
Милано, 7 јануари 2019 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ги смири приврзаниците на „нероазурите“, откако изјави дека е среќен во клубот. Тој го стори тоа по вчерашниот успех од 3-1 против Наполи на „Сан Паоло“, што им овозможи на пулените на Антонио Конте да останат на чело во Серија „А“ со ист број на поени со Јувентус, но со подобра гол разлика од шампионите. Мартинез постигна еден од головите за успех. - Јас давам се од себе на теренот за Интер и фокусот ми е на тоа. Среќен сум во клубот и се обидувам да работам напорно и да останам фокусиран. Работиме напорно за да извлечеме максимум од овој момент. Среќни сме затоа што добро напредуваме. На тренинг, правиме сè што ни кажува тренерот. Ние се обидуваме да ги победиме сите натпревари и да останеме таму каде што сме, изјави Аргентинецот за „Скај спорт Италија“ Интерес за него има од шпанскиот гигант Барселона. Неговите голови оваа сезона се веќе четиринаесет.

Остани поврзан