• сабота, 23 ноември 2024

Марко Роси: Се чувствувам добро во Унгарија, го ценам мојот договор со тимот

Марко Роси: Се чувствувам добро во Унгарија, го ценам мојот договор со тимот
Будимпешта, 27 септември 2022 (МИА) - Селекторот на унгарската репрезентација Марко Роси го сподели своето мислење за неговата иднината по поразот од Италија (0:2) во 6. коло од Лигата на нации. - За мене, кога потпишувате договор и се ракувате, мора да го одржите тој збор. Договорот истекува во декември 2025 година, го ценам тоа и сакам да останам до крај, освен ако не ме исфрлат порано. Се чувствувам добро во Унгарија, живеам во многу цивилизирана земја каде што тие го сакаат фудбалот, можеби дури и повеќе отколку во Италија, го цитира Роси, „Tutto Mercato“. Педесет и осумгодишниот Роси ја предводи унгарската репрезентација од 2018 година. Унгарците групната фаза ја завршија на второто место во групата 3 од А дивизијата од Лигата на нации со 10 бода во 6 натпревари, оставајќи ги зад себе фудбалските гиганти Германија и Англија. зс/

Остани поврзан