• петок, 22 ноември 2024

Маријен Вилијамсон се повлече од кампањата за кандидат на Демократите на претседателските избори во САД

Маријен Вилијамсон се повлече од кампањата за кандидат на Демократите на претседателските избори во САД

Вашингтон, 8 февруари 2024 (МИА) - Кандидатката за претседателска номинација од Демократската партија, Маријен Вилијамсон, објави дека се повлекува од претседателската кампања.

Вилијамсон (71) синоќа објави видеото на социјалните мрежи, посочувајќи дека е „време да ја стави во мирување нејзината кампања за претседател“, објави Си-Би-Ес Њуз.

Нејзината објава дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден убедливо ја победи на прелиминарните избори на Демократската партија во американската сојузна држава Невада.

Вилијамсон, заедно со конгресменот во Претставничкиот дом, Дин Филипс, лани започнаа кампања за да го спречат Бајден да се кандидира за Белата куќа.

Филипс останува во трката за претседателска номинација од Демократската партија. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан