• понеделник, 23 декември 2024

Марија Митева и Венера Љатифи Азизи портпаролки на Владата

Марија Митева и Венера Љатифи Азизи портпаролки на Владата

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Марија Митева и Венера Љатифи Азизи се новите портпароли на Владата. Двете се избрани на денешната владина седница. Наум Стоилковски, пак, е именуван за советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.

Изборот на портпароли на Владата вчера го најави и премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ.

Митева досега ја извршуваше функцијата портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. По професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј со магистратура по деловно право и положен правосуден испит. 

- На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата, информираат денеска од Владата.

Во делот на неформалното образование, како што стои во соопштението од Владата, Митева има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. .

Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во Кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог на Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. бак/аа/

Фото: Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан