• недела, 22 декември 2024

Маричиќ: Членството во ЕУ во 2030-та е реална можност

Маричиќ: Членството во ЕУ во 2030-та е реална можност

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Во рамки на посетата на САД првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ имаше интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Вицепремиерот Маричиќ во интервјуто се осврна на актуелните теми поврзани со евроинтеграцијата на државата. 

„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него и повторно отворање на истите и истите прашања поврзани со идентитетот, со јазикот, со нешто што денес ни е веќе решено и ни е ставено во преговарачката рамка со Европската Унија и во процесот на преговорите“ - рече Маричиќ. 

Понатаму во интервјуто Маричиќ рече дека 2030-та е реална можност. „Тоа не е датум, кој ни е даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве, ова влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ, индикативен датум како можност за членство во 2030-та,“

Секретаријат за европски прашања

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан