• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ: Расположението на терен се менува, СДСМ има водство во 25 општини

Маричиќ: Расположението на терен се менува, СДСМ има водство во 25 општини
Скопје, 22 октомври 2021
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека владејачката партија во вториот круг влегува со предност во 25 општини и дека е уверен во обединувањето на сите прогресивни граѓани во земјава. Според Маричиќ, тоа што се случува на терен изминативе денови е промена во расположението кои граѓани, кои во вториот круг ќе ја поддржат СДСМ.
„Повеќе пати кажавме дека резултатите од првиот не се во рамките на нашите очекувања, но работата е далеку од лоша или изгубена како што спомена од опозицијата. Ние имаме водство во 25 општини за вториот круг, имам веќе освоено 9 градоначалнички места. Веруваме дека од овие денови работите на терен се менуваат, пораката е прифатена. Работиме на максимална мобилизација на членството и симпатизерите на нашата партија, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е јасно дека е многу важно сега во вториот круг секој да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на прогресивната коалиција, на коалицијата која се обединува да не застанеме тука и да не се враќаме назад“, потенцираше Маричиќ.
Според него, раководството за партијата е секој ден меѓу граѓаните и дека разговараат и за грешките и за тоа што може да се направи во наредниот период. Маричиќ кажа и дека е очигледно дека повторно е воспоставена конекцијата и комуникацијата со граѓаните.
СДСМ
——————————————————————————————————————————————————————————————————– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан