• недела, 22 декември 2024

Маричиќ - Пич: Западен Балкан мора во ЕУ, нема друга опција за трајна стабилност на регионот

Маричиќ - Пич: Западен Балкан мора во ЕУ, нема друга опција за трајна стабилност на регионот

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Обединетото Кралство продолжува да дава поддршка на ЕУ интеграција на Западен Балкан, со очекување Северна Македонија да го забрза процесот на преговори со ЕУ, истакнал британскиот специјален претставник за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич на денешниот состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ и Пич, како што соопшти Секретаријат за европски прашања, се согласиле дека секое кочење на евроинтеграцијата ќе значи простор за мешање на трети страни.

На средбата било разговарано за текот на преговорите и идните планови на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како и за политичките случувања во регионот.

Вицепремиерот Маричиќ укажал дека Северна Македонија припаѓа на заедницата на европски вредности и ја посочил важноста на политичката посветеност која ја имаме од Обединетото Кралство на патот кон ЕУ, како и севкупната поддршка во нашите демократски и реформски процеси.

Соговорниците, како што е наведено во соопштението од СЕП, ја нагласиле важноста од соработката и постојаната комуникација меѓу сојузниците и искрените пријатели како што се Северна Македонија и Обединетото Кралство, особено во сегашниот сложен геополитички момент.

Како НАТО партнери и сојузници на патот кон ЕУ, Маричиќ и Пич посочиле дека и Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат иста цел и заеднички работат регионот да успее во пристапните преговори за краток временски период и да ја забрзаме интеграцијата, како што кажал Маричиќ „со исполнување на обврските и задачите од Поглавјата 23 и 24, односно во делот на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, на што Владата е целосно фокусирана“. дма/бак/

Фото:СЕП

Остани поврзан