• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Да негуваме општество во кое жените се еднакви со мажите, почитувани дома и на работа

Маричиќ: Да негуваме општество во кое жените се еднакви со мажите, почитувани дома и на работа

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ преку својот Фејсбук профил упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената во која посочува дека треба да негуваме општество во кое жените се еднакви со мажите, почитувани дома и на работа и имаат сигурен пристап до правдата.

-Тоа е правичност што треба да се прифати и столб на здравото општество. Жените досега многупати докажале дека можат да бидат успешни во сите области, а нивната улога како мајка во општеството е неизмерна. И не само денес, секој ден треба да се заблагодаруваме за нивната пожртвуваност, несебичност и посебен придонес во развојот на општеството, вели Маричиќ во честитката.

Посочува дека Владата ќе продолжи да презема активности и да се бори против дискриминацијата врз основа на пол, мајчинство, особено на пазарот на трудот, како и против насилството врз жените. фф/бак/

Фото: Фејсбук на Бојан Маричиќ

Остани поврзан