• четврток, 21 ноември 2024

Маричиќ: ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме сите на обврските

Маричиќ: ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме сите на обврските

Блед, 28 август 2023 (МИА) - ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори, порача вицепремиерот Маричиќ по средбата на македонската делегација, предводена од премиерот Димитар  Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека имале значаен и отворен разговор со претседателот на Европскиот совет Мишел, низ кој било потврдено дека интеграцијата на Западен Балкан за Европската Унија е важна и дека тоа останува нејзин стратешки приоритет.

- Наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива. Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, напиша Маричиќ.

Вицепремиерот пишува дека веќе е направен напредок во евроинтеграциите и е интензивирана соработката со ЕУ, кои, како што нагласува, во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство и силен промотор на европските вредности и регионалната соработка.

-Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина, наведува вицепремиерот. ев/лв/

 
 
 
 

Остани поврзан