• вторник, 05 ноември 2024

Маричиќ: Европската интеграција е единствено решение за Северна Македонија

Маричиќ: Европската интеграција е единствено решение за Северна Македонија

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска остварил средба со новоименуваниот специјален претставник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ.

Вицепремиерот го запознал специјалниот претставник Рене Троказ на неговата прва официјална посета на Северна Македонија, со тековните состојби, скрининг процесот, реформите, со цел приближувањето на државата до полноправно членство со ЕУ.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, говорниците се согласиле дека европската интеграција е единственото и оптимално решение за нашата држава.

-Со цел да се оствари нашата заедничка стратешка цел, полноправно членство во унијата, присуството на Франција и гласот на Париз се исклучително важни за Северна Македонија, поттикнувајќи забрзување на динамиката на преговарачкиот процес на државата, се посочува во соопштението од СЕП.

Како што се наведува во соопштението, соговорниците се сoгласиле дека Франција и Северна Македонија остануваат посветени за заедничка заложба за остварување на европската перспектива на нашата држава и оддржување на стабилноста на Западен Балкан и Европа во целост.

На состанокот присуствуваше и амбасадорот на Република Франција, НЕ Сирил Бомгартнер и претставник од француското министерство за надворешни работи.фф/лв/

Фото: СЕП

Остани поврзан