• петок, 05 декември 2025

Маричиќ: Добрата регионална соработка е понекогаш клучна за успешна борба против организираниот криминал

Маричиќ: Добрата регионална соработка е понекогаш клучна за успешна борба против организираниот криминал
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ кој е во работна посета на Република Хрватска, денеска ја посети Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК).
Маричиќ имал можност детално да се запознае со работата на Канцеларијата и нејзината организациска поставеност.
-Киминалот и корупцијата не познаваат граници и директно го попречуваат функционирањето на правната држава. Добрата регионална соработка е понекогаш клучна во успешна борбата против организираниот криминал, напиша министерот Маричиќ на свотот фејсбук-профил. сст/мч/

Остани поврзан