• петок, 22 ноември 2024

Марина Сати со „Зари“ ќе ја претставува Грција на „Евровизија“

Марина Сати со „Зари“ ќе ја претставува Грција на „Евровизија“

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Марина Сати со песната „Зари“ ќе ја претставува Грција на 68. издание на „Евровизија“.

Во „Зари“ се зборува за љубовта, но и за ризиците што некогаш треба да се преземат - како коцката што ја фрламе, не знаејќи што може да ни донесе.

Во Шведска во мај, Грција ќе настапи во првата половина од второто полуфинале, четврток, 9 мај.

„Зари“ ќе ја претставува Грција на 50-годишнината од првото учество на државата во музичкиот натпревар. бд/са/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан