• петок, 13 септември 2024

Мареска за Санчо: Многу добар играч, ќе ни биде од помош

Мареска за Санчо: Многу добар играч, ќе ни биде од помош

Лондон, 13 септември 2024 (МИА) - Џејдон Санчо го замени Манчестер за Западен Лондон во последните денови од преодниот рок. Тој од Јунајтед се пресели во Челси, каде се надева на нов почеток.

Поради конфликт со тренерот Тен Хаг, претходната сезона ја мина на позајмица во Борусија Дортмунд. Наводно двајцата се помириле пред почетокот на сезоната, а тој запиша солидна минутажа на подготвителните натпревари.

Но, кога започна сезоната, тој одигра само осум минути во дуелот за „Комјунити Шилд“, додека во Премиер лигата не запиша ниту минута. Потоа следеше позајмица во Челси и нов почеток во тимот предводен од Енцо Мареска.

- Тој е токму она што го очекувавме. Тој е многу добар играч, особено во ситуации еден на еден и има квалитет во последната третина. Сигурен сум дека ќе ни биде од помош, рече Мареска.

Санчо покажа најдобри игри во Борусија. Во клубот од Дортмунд одигра 158 натпревари во сите натпреварувања и постигна 53 гола. Во Манчестер Јунајтед одигра 83 натпревари и постигна 12 гола. Најмногу во сезоната 2022/23, седум на 41 натпревар. дс

Фото: Челси

Остани поврзан