• сабота, 05 октомври 2024

Маргарита Велјановска најдобра ученичка членка на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола

Маргарита Велјановска најдобра ученичка членка на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола

Битола, 30 декември 2023 (МИА) - Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“-Битола, организатор на светски понатата ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“, ја прогласи Маргарита Велјановска за најдобра ученичка за 2023 година, членка на студиото која во текот на 2023 година освои три златни медали, 10 дипломи-награди и признанија за учество на домашни и меѓународни ликовни манифестации.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, на над 120 ученици, членови, додели над 350 награди, признанија, медали и дипломи кои ги освоиле на повеќе од 50 светски детски ликовни конкурси и светски детски ликовни колонии.

Во текот на оваа година учениците од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола освоија награди на ликовните фестивали во Индија, Романија, Португалија, Бугарија, Германија, Словенија, Франција, Полска, Србија, Турција...

ДЛС „Свети Кирил и Методиј“-Битола на почетокот од 2024 година ќе го објави конкурсот за светската детска изложба „Битола 2O24” и светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр”. мт/дма

Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан