• недела, 22 декември 2024

Манчини се извини што си замина за време на пенал рулетот со Јужна Кореја

Манчини се извини што си замина за време на пенал рулетот со Јужна Кореја

Ал Рајан, 31 јануари 2024 (МИА) – Селекторот на Саудиска Арабија, Роберто Манчини се извини што предвреме си замина за време на пенал рулетот на синоќешниот натпревар со Јужна Кореја.

Арабијците загубија на пенали во осминафиналето на Купот на Азија.

По ударот на Сами Ал-Наџи во третата серија, италијанскиот стручњак побара интервенција на ВАР, затоа што сметаше дека голманот на Корејците ја напуштил гол линијата предвреме. Бидејќи не го доби тоа што го бараше, Манчини отиде во соблекувалната и не ги гледаше последните удари на тимовите.

-Се извинувам што заминав порано, мислев дека се е готово. Не сакав да непочитувам никого. Сакам да им се заблагодарам на сите мои играчи за она што го направија. Многу напредуваат. Како тим значително се подобривме. Работевме заедно цел месец и тоа е важно, рече Манчини.

Во четвртфиналето, Јужна Кореја ќе игра со Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан