Манчини го обвини претседателот на федерацијата за неговото заминување од италијанската репрезентација
- Роберто Манчини изјави дека претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина е виновен за неговото заминување од функцијата селектор на италијанската репрезентација. Тој призна дека неколку пати се обидел да разговара со него и побарал да му даде време да закрепне по смртта на пријател. Сепак, Гравина тоа не го дозволил.
Рим, 15 август 2023 (МИА) - Роберто Манчини изјави дека претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина е виновен за неговото заминување од функцијата селектор на италијанската репрезентација. Тој призна дека неколку пати се обидел да разговара со него и побарал да му даде време да закрепне по смртта на пријател. Сепак, Гравина тоа не го дозволил.
- Дали некогаш сте виделе како претседателот на федерацијата го менува целиот стручен штаб? Тој сакаше да го револуционизира тоа, јасно му кажав дека тоа не треба да се прави. Можеше да донесе најмногу уште неколку луѓе, но не можеше да се лиши од мене во стручниот штаб, изјави Манчини за „Скај Спорт“.
Претходно беше објавено дека специјалистот си заминал поради несогласувања со претседателот на фудбалската федерација на земјата, Габриел Гравина.
На 13 август 58-годишниот Манчини поднесе оставка. Името на новиот селектор на националниот тим ќе биде објавено во наредните денови. Беше објавено дека прв фаворит е Лучијано Спалети. зс/
Фото: ЕПА