Манчестер јунајтед ѝ го нанесе третиот последователен пораз на Астон вила
- Манчестер јунајтед ја победи Астон вила со 3:1 дома во 30. коло од Премиер лигата.
Манчестер, 15 март 2026 (МИА) - Манчестер јунајтед ја победи Астон вила со 3:1 дома во 30. коло од Премиер лигата.
Касемиро (53. минута), Матеус Куња (71.) и Бенџамин Шешко (81.) ги постигнаа головите за домаќините. Рос Баркли го постигна единствениот гол за гостите (64.).
Манчестер јунајтед (54 бода) е трет во Премиер лигата. Астон Вила (51 бод) го претрпе третиот последователен пораз и е четврта на табелата.
Во паралелниот натпревар, Нотингем Форест и Фулам одиграа нерешено 0:0. зс/
Фото: ЕПА