• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер јунајтед ќе престане да му плаќа на Фергусон за да ја извршува функцијата амбасадор на клубот

Манчестер јунајтед ќе престане да му плаќа на Фергусон за да ја извршува функцијата амбасадор на клубот

Манчестер, 15 октомври 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед одлучи да ги намали исплатите на Алекс Фергусон за да заштеди пари, пренесува „The Athletic“.

Забележано е дека на крајот од тековната сезона, 82-годишниот стручњак повеќе нема да добива „мултимилионски“ исплати од клубот за неговата работа како амбасадор на клубот. 

Шефот на INEOS и акционерот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф лично го известил Фергусон за оваа одлука. Прашањето беше решено на мирен начин.

Според Атлетик, „Црвените ѓаволи“ првично му плаќале на Фергусон 2,16 милиони фунти годишно за неговите услуги како клупски амбасадор, но ситуацијата подоцна се променила.

Се тврди дека Шкотланѓанецот ќе остане директор на клубот и ќе продолжи да присуствува на натпреварите на тимот.

Фергусон беше главен тренер на Јунајтед од 1986 до 2013 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија 13 пати, го освои ФА Купот 5 пати и Суперкупот на земјата 10 пати. Исто така, под негово водство, Манчестер јунајтед двапати ја освои Лигата на шампионите и еднаш Суперкупот на УЕФА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан