• сабота, 29 јуни 2024

Манчестер јунајтед ќе донесе одлука за Тен Хаг кога ќе се сумираат резултатите од сезоната

Манчестер јунајтед ќе донесе одлука за Тен Хаг кога ќе се сумираат резултатите од сезоната

Манчестер, 29 мај 2024 (МИА) - Иднината на тренерот Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед останува неизвесна. Според „ESPN“, одлуката за иднината на Холанѓанецот ќе потрае некое време. 

Ко-сопственикот на клубот Џим Ретклиф и неговите соработници започнаа со анализа на сезоната што ќе ги разгледа сите аспекти на работењето на клубот.

Ќе се разгледува и иднината на Тен Хаг, кој има уште една година од договорот. 

Се вели дека Тен Хег ги зголемил своите шанси за останување на „Олд Трафорд“ по освојувањето на ФА Купот. 

Компанијата на Ретклиф ги разгледа потенцијалните замени за Тен Хаг, вклучувајќи ги Томас Тухел, Маурисио Покетино, Томас Френк и Киеран Мекена. Јунајтед е заинтересиран и за Герет Саутгејт и Роберто Де Зерби. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан