• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер јунајтед сака да се раздели со Марсијал

Манчестер јунајтед сака да се раздели со Марсијал
Лондон, 22 септември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал, може да го напушти клубот, пренесува „Еуроспорт“. Според изворот, раководството на клубот ги поканило застапниците на 25-годишниот Французин да најдат нов клуб за играчот. Во исто време, самиот фудбалер би сакал да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Манчестер јунајтед има намера да заработи 45 милиони евра од продажбата на Марсијал. Минатата сезона Марсијал одигра 36 натпревари на кои постигна седум гола и оствари девет  асистенции. зс/

Остани поврзан