• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер јунајтед постави рекорд, нема загубено 18 гостински натпревари во Премиер лигата

Манчестер јунајтед постави рекорд, нема загубено 18 гостински натпревари во Премиер лигата
Лондон, 30 јануари 2021 (МИА) – Тимот на Манчестер јунајтед вечерва одигра нерешено 0:0 на гостувањето кај Арсенал на „Емирати“ и постави клупски рекорд. Јунајтед немаат загубено 18 гостински натпревари во низа во Англиското фудбалско првенство (13 победи и 5 нерешени натпревари). Ова е најдолгата низа без пораз за време на настапите на клубот во Премиер лигата. Следниот натпревар на гостински терен Манчестер јунајтед го игра на 13 февруари против Вест Бромвич. зс/

Остани поврзан