• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер јунајтед не го извести Ромеро за изоставањето од составот за настапите во ЛШ

Манчестер јунајтед не го извести Ромеро за изоставањето од составот за настапите во ЛШ
Манчестер, 13 октомври 2020 (МИА) - Голманот Серхио Ромеро можеше да се приклучи на Евертон на позајмица на последниот ден од преодниот рок, но и покрај понудата од два милиона фунти од „Карамелите“ и целосната исплата на фудбалерот, Манчестер јунајтед го блокираше договорот, објави „The Athletic“. Триесет и тригодишниот Аргентинец е разочаран од ваквата одлука на „црвените ѓаволи“. Ситуацијата беше комплицирана со исклучувањето на голманот од апликацијата за Лигата на шампионите, за што самиот Ромеро не беше претходно информиран. Манчестер јунајтед има намера да ја разгледа само опцијата за целосен трансфер на Аргентинецот за осум милиони фунти, но заинтересираните клубови сметаат дека оваа сума е превисока. зс/

Остани поврзан