Манчестер јунајтед и Тотенхем со голем исчекор кон финалето во Лига Европа
- Англиските претставници во фудбалската Лига на Европа остварија убедливи победи на вечерашните први натпревари во полуфиналната фаза.
Лондон, 1 мај 2025 (МИА) – Англиските претставници во фудбалската Лига на Европа остварија убедливи победи на вечерашните први натпревари во полуфиналната фаза.
Тотенхем во Лондон го победи норвешки Бодо Глимт со 3:1. Стрелци на головите за лондонци беа Бренан Џонсон (1. минута), Џејмс Медисон (34) и Доминик Соланке (61), за гостите погоди Улрик Салтнес во 83. минута.
Манчестер Јунајтед го победи Атлетик со 3:0 на гостински терен. Головите ги постигнаа Касемиро и Бруно Фернандеш (два гола), еден од пенал.
Реваншите се закажани за 8 мај. зс/
Фото: ЕПА