• понеделник, 23 септември 2024

Манчестер јунајтед и Ливерпул сакаат да го купат Мукоко претстојната зима

Манчестер јунајтед и Ливерпул сакаат да го купат Мукоко претстојната зима
Берлин, 10 ноември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко е во сферата на интерес кај два врвни клуба од Англија. Според „Sport Bild“, Манчестер јунајтед и Ливерпул зимава ќе се борат за 17-годишниот напаѓач. Двата клуба будно го следат развојот на германскиот фудбалер. Претходно беше објавено дека Барселона пројавува интерес за Мукоко. Актуелниот договор на Мукоко со Борусија истекува во летото 2023 година. Играчот чека да наполни 18 години (ова ќе се случи на 20 ноември) за да го обнови договорот. Оваа сезона Мукоко постигна шест гола и имаше шест асистенции на 21 натпревар за Борусија во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан