• среда, 03 јули 2024

Манчестер јунајтед и Интер се заинтересирани за Белоти

Манчестер јунајтед и Интер се заинтересирани за Белоти
Рим, 18 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да ја смени екипата за време на летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“. Според италијанскиот медиум, Интер и Манчестер јунајтед се заинтересирани за 26-годишниот Италијанец. „Неро-азурите“ наводно го гледаат напаѓачот како потенцијална замена за Лаутаро Мартинез, кој е близу да замине во Барселона. Во сезоната 2019/20, Белоти одигра 39 натпревари за Торино, постигна 22 гола и четири асистенции. „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 32 милиони евра. зс/

Остани поврзан