• среда, 03 јули 2024

Манчестер јунајтед го убедува Кавани да го продолжи договорот на една година

Манчестер јунајтед го убедува Кавани да го продолжи договорот на една година
Лондон, 31 март 2021 (МИА) - Раководството на Манчестер јунајтед се обидува да го убеди напаѓачот Единсон Кавани да склучи нов договор со клубот. Потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд и новиот спортски директор Џон Муртау во вторникот разговараа со 34-годишниот Уругваец, објави „Дејли мејл“. Актуелниот договор на Кавани со Манчестер јунајтед трае до 30 јуни 2021 година. Претходно се дозна дека за напаѓачот е заинтересиран Бока јуниорс, а неговиот татко изјави дека на Единсон не му е многу пријатно во Англија. зс/

Остани поврзан