• сабота, 29 јуни 2024

Манчестер јунајтед го продаде Џејмс на Лидс

Манчестер јунајтед го продаде Џејмс на Лидс
Лондон, 31 август 2021 (МИА) – Премиерлигашот Лидс го објави трансферот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Даниел Џејмс. Велшанецот потпиша договор до 2026 година. Наводно, на 23-годишниот фудбалер му биле исплатени 24 милиони фунти плус бонуси. Минатата сезона, Џејмс одигра 15 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи три гола. зс/

Остани поврзан