Манчестер јунајтед го победи Евертон благодарение на два гола од пенал
- Манчестер јунајтед попладнево на домашен терен го победи Евертон во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.
Манчестер, 9 март 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед попладнево на домашен терен го победи Евертон во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.
До победата (2:0) тимот од „Олд Трафорд“ дојде со два гола постигнати од пенал.
Бруно Фернандеш го отвори резултатот во 12. минута, а Маркус Рашфорд го удвои водството на домаќините во 36. минута.
Манчестер Јунајтед (47 бодови) е шести во Премиер лигата. Евертон е 16-ти во поредокот со 25 бода. зс/
Фото: ЕПА