• сабота, 05 октомври 2024

Манчестер сити ќе понуди 80 милиони евра за Иско

Манчестер сити ќе понуди 80 милиони евра за Иско
Мадрид, 31 март 2020 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер сити подготвува предлог за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон“. Според шпанскиот медиум, Манчестер е подготвен да потроши 80 милиони евра на 27-годишниот Шпанец. Се потенцира дека тренерот на „граѓаните“ Јосеп Гвардиола е лично заинтересиран за овој трансфер. Иско има три гола на 23 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на шпанскиот фудбалер на 50 милиони евра. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан