• вторник, 14 мај 2024

Манчестер сити со најголем профит

Манчестер сити со најголем профит
Лондон, 21 март 2022 (МИА) - Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити оствари најголем приход минатата сезона, покажува извештајот „Мани лиг“ (Money League), кој традиционално веќе 25 години го објавува ревизорско - консултантската компанија „Дилојт‘ (Deloitte). Сити остварил приход од 644,9 милиони евра, што е зголемување од 17 отсто во однос на минатата година и 4,2 милиони евра повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Клубот од Манчестер една сезона претходно беше шесто рангиран на листата на „Дилојт“, а сега првпат е клуб со најголем приход. Приходите на Манчестер сити во изминатите 25 години, откако се објавува истражувањето на „Дилојт“ пораснале од 14 милиони евра на 644,9. Трет е Баерн Минхен со 611,4 милиони евра, додека Барселона, која сезона претходно беше прворангирана, падна на четвртото место со приход од 582,1 милини евра. ег/ми/

Остани поврзан