• петок, 05 декември 2025

Манчестер Сити сака да го обезбеди Родри

Манчестер Сити сака да го обезбеди Родри

Манчестер, 5.август 2025 (МИА) - Еден од клучните играчи во освојувањето на шампионските пехари на Манчестер Сити беше шпанскиот репрезентативец Родри. Неговото отсуство поради повреда во тимот на Пеп Гвардиола најдобро се покажа ланската сеозна, кога тимот беше далеку од шансите за шампионската титула што ја освои Ливерпул.

„Граѓаните“ сакајќи да избегнат непријатна ситуација особено што договорот на Родри истекува во јуни 2027 подготвени се за продолжување на соработката. Целата ситуација будно ја следи Реал Мадрид, екипа која подолг период искажува „скриен“ интерес за Родри. 

Според фудбалските експерти за трансфери Сити планираат да му понудат договор до 2029 година со плата најголема кај играчите од средината на теренот (300.000 фунти неделно) и втора во Манчестер Сити зад Ерлинг Халанд. 

29-годишниот Родри важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција и не случајно е освојувач на „Златната топка“.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан