• недела, 21 јули 2024

Манчестер сити постигна договор со Ковачиќ

Манчестер сити постигна договор со Ковачиќ

Лондон, 9 јуни 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ, во блиска иднина би можел да се пресели во Манчестер сити.

 

Според новинарот Фабрицио Романо, 29-годишниот Хрват ги договорил условите со клубот од Манчестер. Челзи и Сити сега треба да се договорат за сумата за трансфер.

 

Оваа сезона Ковачиќ настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции. 

 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан