• недела, 01 септември 2024

Манчестер сити го освои англискиот Лига куп

Манчестер сити го освои англискиот Лига куп
Лондон, 25 април 2021 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер сити го освоија Лига купот на Англија, победувајќи го Тотенхем со 1:0 во финалето. Средбата се одржа во Лондон на „Вембли“. Единствениот погодок го постигна Ајмерик Лапорт во 82-та минута. Ова е осми англиски Лига куп за Манчестер сити (четири од нив под водство на тренерот Хосеп Гвардиола). Само Ливерпул има ист број. Сити го освои овој трофеј и минатата година. Манчестер сити на 28 април го игра првиот натпревар против ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, а во Премиер лигата е пред освојување на титулата. зс/

Остани поврзан