Мантев се заблагодари на поддршката и честита на Нацева за изборот за градоначалник на Неготино
- Петар Мантев, кандидат за градоначалник на Неготино од СДСМ, вечерва се заблагодари на поддршката од граѓаните и упати честитки кон избраната Марија Нацева, кандидатка на ВМРО - ДПМНЕ.
Неготино, 2 ноември 2025 (МИА) - Петар Мантев, кандидат за градоначалник на Неготино од СДСМ, вечерва се заблагодари на поддршката од граѓаните и упати честитки кон избраната Марија Нацева, кандидатка на ВМРО - ДПМНЕ.
Тој се заблагодари до сограѓаните за довербата и поддршката на овие избори.
- Вашиот глас е признание за сработеното и поттик за понатаму. Овој пат не беше доволно за победа, но беше доволно за да знам дека заедно можеме многу, напиша тој на Фејсбук.
Продолжуваме, додаде, со истата енергија, посветеност и љубов кон нашето Неготино. свд/дма/
Фото: МИА