Мане стана петтиот играч во историјата на Ливерпул кој постигнал 50 гола на „Енфилд“ во Премиер лигата
- Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, постигна гол на денешниот натпревар од второто коло во Англиското фудбалско првенство против Барнли.
Ливерпул, 21 август 2021 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, постигна гол на денешниот натпревар од второто коло во Англиското фудбалско првенство против Барнли.
За Сенегалецот ова е 50. гол за „црвените“ на „Енфилд“ во Премиер лигата. Дотогаш, само четворица играчи во историјата на Ливерпул ја достигнаа оваа граница: Роби Фаулер, Стивен Џерард, Мајкл Овен и Мохамед Салах.
Ливерпул го доби натпреварот со 2:0, а покрај Мане во листата на стрелците се запиша и Диего Жота. зс/