• петок, 22 ноември 2024

Мане навести заминување од Ливерпул

Мане навести заминување од Ливерпул
Ливерпул, 4 јуни 2022 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане навести можно заминување од клубот. Триесетгодишниот играч од средниот ред реагираше на резултатите од онлајн гласањето кое покажа дека 60 до 70 отсто од Сенегалците сакаат Садио да го напушти клубот од „Енфилд“. -Ќе правам што сакаат. Ќе видиме сè наскоро, напиша Мане на социјалните мрежи. Претходно беше објавено дека играчот би можел да ја продолжи кариерата во Баерн Минехн. Германскиот клуб подготвен да му понуди договор на Мане со плата од околу 20 милиони евра годишно. Во Ливерпул, крилниот напаѓач добива 12 милиони евра. зс/

Остани поврзан