• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Дебакл на СДС, не може да најдат кандидат за градоначалник за Скопје, ги одбил и Ралев и еден скопски адвокат, немаат човек кој ќе се нафати на поразот

Манасиевски: Дебакл на СДС, не може да најдат кандидат за градоначалник за Скопје, ги одбил и Ралев и еден скопски адвокат, немаат човек кој ќе се нафати на поразот

Скопје, 15 јули 2025

Вистински дебакл се случува во СДС. Венко Филипче и СДС не можат да најдат кандидат за градоначалник за градот Скопје.

Нашите информации говорат дека СДС добиле ладен туш од Мишко Ралев, кој не сакал да оди на избори на кои се знае дека ќе изгуби катастрофално.

Ист одговор СДС добиле и од еден скопски адвокат, близок до нивната партија, кој исто така не сакал да го носи дресот на губитник уште од објавувањето на кандидатурата.

Нема човек во СДС кој ќе се нафати да ги изгуби избори, а уште поголем е стравот, затоа што поразот ќе им биде убедлив  уште во првиот круг.

СДС не бараат ниту програма, ниту визија кај кандидатот кој ќе го номинираат, само спремност да изгуби. На тоа очигледно никој не се нафаќа.

Имаме порака до СДС, не барајте многу, поразот секако ќе ви биде огромен. Сметката за вашите лоши политики до сега ќе ви биде испорачана на есен на локални избори.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=gsyjpIuetRs
https://we.tl/t-GymuHgak4y

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Остани поврзан