• вторник, 17 декември 2024

Малезија: Санкции за БРИКС од страна на САД би го загрозиле глобалното снабдување со полупроводници

Малезија: Санкции за БРИКС од страна на САД би го загрозиле глобалното снабдување со полупроводници

Куала Лумпур, 5 декември 2024 (МИА) - Потенцијалните санкции на идната администрација на Доналд Трамп кон земјите-членки на БРИКС, поради иницијативите за создавање нова валута или користење алтернативи на доларот, би можеле да предизвикаат глобални нарушувања во синџирите на снабдување со полупроводници, предупреди малезискиот министер за трговија Тенгку Зафрул Азиз.

САД се трет најголем трговски партнер на Малезија, а американските компании се најголеми инвеститори во полупроводничкиот сектор на земјата, прецизираминистерот.

Малезија претставува 13 отсто од глобалниот удел во тестирање и пакување на чипови. Инаку земјата поднесе барање за членство во БРИКС, но засега сè уште не е примена.

Министерот нагласи дека земјите на БРИКС разговараат за намалување на зависноста од доларот, но сè уште нема официјална одлука за конкретни мерки.

БРИКС, кој ги вклучува Бразил, Русија, Индија и Кина, води долготрајни дебати за заедничка валута, особено по санкциите кон Русија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан