• понеделник, 01 јули 2024

Малата Кардашијан Вест собра над три милиони „лајкови“ на Инстаграм

Малата Кардашијан Вест собра над три милиони „лајкови“ на Инстаграм
Лос Анџелес, 9 февруари 2021 (МИА) - Ќерката на Ким Кардашијан и Кање Вест, тригодишната Чикаго собра над 3,8 милиони допаѓања и стана вистински хит на Инстаграм и воопшто - на интернет. „Ова е следната Ким“, гласи еден од коментарите на објавата на профилот на мајка ѝ. Обожавателите претежно, сите пишуваа дека малечката е слатка и убавка, но и забележаа дека доста наликува на нејзината мајка и дека ја наследила фотогеничноста од двајцата, инаку од неодамна разделени, родители.  си/сд/

Остани поврзан