„Максим“: Марго Роби е најзгодна позната жена во светот
- На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.
![„Максим“: Марго Роби е најзгодна позната жена во светот](https://new.mia.mk/images/20221114013543_big_730x400_59.webp )
Лос Анџелес, 26 октомври 2022 (МИА) - Австралиското списание „Максим“ (Maxim) ја објави својата годишна листа „Хот 100“ за 2022 година, на којашто се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп-културата. На врвот на списокот „најзгодни“ се најде глумицата Марго Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека и пред прикажувањето на најновиот филм „Вавилон“.
Ова е рекорден, трет пат Роби да се најде на врвот на „жешките 100“. На второто место е фудбалерката Сем Кер, а трета е Еш Барти. На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.![Марго](/articles/images/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d1%81%d0%b8%d0%bc-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b3%d0%be-%d/nSVdIkuJK/placeholder.webp?use_watermark=0)