• понеделник, 25 ноември 2024

Макрон: Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција

Макрон: Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“. - Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата, пишува во објавата на Макрон. бак/мс/

Остани поврзан