• сабота, 21 декември 2024

Макрон побара од Лукашенко „повлекување на руските трупи“ од Белорусија

Макрон побара од Лукашенко „повлекување на руските трупи“ од Белорусија
Париз, 26 февруари 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својот белоруски колега Александар Лукашенко да обезбеди „повлекување на руските трупи“ од Белорусија, соопшти француското претседателство. Претседателот на Франија побара од лидерот на Белорусија „да побара што е можно поскоро повлекување на руските трупи од неговата почва“. Тој го повика да соработува со меѓународната заедница за да дозволи хуманитарна помош за украинскиот народ, се вели во соопштението. зш/

Остани поврзан